[ВИДЕО] Возач на камион откри колку заработува: Кога ќе ја чуете цифрата, веднаш ќе дадете отказ на работа и ќе „полетате“ по Ц категорија

Точка

21/10/2025

22:05

3.779

Големина на фонт

а а а

Возач на камион, кој истакнува колку ја сака својата работа и редовно ги документира своите патувања на „YouTube“ каналот, во едно од видеата открил колку заработува.

На социјалните мрежи повторно кружи снимка во која возач на камион од Велика Британија открива колку заработува, а износот ги остави многумина во шок.

Одговор на љубопитноста на гледачите

Ешли Хејл, кој истакнува колку ја сака својата работа и редовно ги документира своите патувања на својот YouTube канал, во едно од видеата откри дека годишно заработува околу 52.000 фунти (околу 61.360 евра). На тој чекор се одлучил по коментар на еден следбеник кој рекол дека луѓето „навистина се заинтересирани“ колкава е платата во таа индустрија.

Хејл објаснил дека ќе го сподели платниот список од неговата претходна работа, со цел да не го загрози актуелниот работодавец, зборувајќи за фирма што веќе не постои.

Како доаѓа до таа сума?

Хејл навел дека на претходното работно место работел цела недела во возилото, а неговата плата ја одразувала позицијата на „трампер“ – возач на камион без фиксна рута или база, кој често спие во кабината и поминува недели на пат.

Покажувајќи го платниот лист, тој објаснил дека за 45 работни часа неделно заработувал 625 фунти (околу 738 евра). Тоа на годишно ниво изнесува околу 32.500 фунти (приближно 38.350 евра), што е приближно на британскиот просек. Меѓутоа, разни додатоци значително ја зголемувале вкупната заработка.

Прекувремените часови се плаќале дупло повеќе од стандардната саатница, што му носело дополнителни 261 фунти (околу 308 евра) неделно.

Добивал и додаток од 3 фунти (околу 3,50 евра) за работа во „незгодни термини“, како што се ноќните возења. Ако ги исполнил работните цели, добивал бонус од 40 фунти (околу 47 евра). Покрај сето тоа, имал и додаток за ноќевање од околу 100 фунти (околу 118 евра) со што ги покривал трошоците за храна и сместување.

Сè заедно, неговата неделна заработка изнесувала околу 1.000 фунти (приближно 1.180 евра), што на годишно ниво е нешто помалку од 53.000 фунти (околу 62.500 евра).

Позитивни реакции на публиката


Неговата искреност наишла на позитивни реакции, а многумина признале дека работата како возач на камион сега им изгледа многу поинтересна.

Еден корисник напишал:

„Возачите на камиони се добри луѓе и заслужуваат да бидат добро платени.“

Друг коментирал:

„Ова е фантастично, размислувам да ја променам кариерата и планирам да полагам за возачка следната година. Одличен увид.“

Трет додал:

„Одлично е тоа, пријателе, сигурно одлично ја вршиш работата кога добиваш бонус за учинок. Само така продолжи!“