[ВИДЕО] Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Макфакс

21/10/2025

08:44

1.442

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер Кевин Рад дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот Sky News, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не ми кажувајте. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, го праша Трамп Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како „селски идиот“. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп „предавник на Западот“ и „лудак“.