АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

Макфакс

20/10/2025

16:23

159

Големина на фонт

а а а

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучил да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел.

Двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитувале изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати како што е наведно во информацијата од АВМУ, емитувале прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во Вестите во 10 часот емитувале изјава од истиот министер.