Медведев го прекина постот долг 29 месеци

Макфакс

19/10/2025

16:32

435

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев го освои турнирот од серијата 250 во Алмати, Казахстан. Рускиот тенисер во финалето го победи со 2:1 (7:5, 4:6, 6:3). Финалето траеше два часа и 38 минути.

Медведев, направи нешто добро оваа година, која за него до турнирот во Алмати беше кошмарна. Трофејот во Казахстан е прва титула за Медведев по Рим во 2023 година, односно по 29 месеци.

Финалниот натпревар во Алмати беше полн со пресврти. Медведев го доби првиот сет со 7:5 во неизвесна завршница. Откако Муте направи брејк во првиот гем, Медведев финишираше со два брејка.

Французинот успеа да се врати и да го земе вториот сет со резултат од 6:4, исто така со два брејка.

Во решавачкиот трет сет, сепак, Медведев демонстрираше малку повисока класа, направи брејк во осмиот гем и потоа лесно го заврши мечот.

Турнирот во Алманио се игра на тврда подлога и припаѓа на серијата АТП 250, но секако оваа титула доаѓа како големо за рускиот тенисер.