Кари повеќе не е играч на Голден Стејт

Макфакс

19/10/2025

12:06

336

Големина на фонт

а а а

Невообичаена одлука донесоа челниците на Голден Стејт Вориорс пред почетокот на новата НБА сезона.

Клубот од Сан Франциско одлучи да се раздели со Сет Кари, помладиот брат на најголемата ѕвезда на франшизата, Стеф Кари, само 18 дена откако тој потпиша договор со тимот.

Како што објавија бројни медиуми во Соединетите Американски Држави, причината за оваа одлука е од финансиска природа, бидејќи Вориорс моментално се на врвот на „втората линија“ на данокот на луксуз, што им претставува сериозен проблем да ги задржат сите 15 играчи во составот.

Оваа одлука на челниците на клубот е всушност „модел на премостување“, бидејќи Сет Кари би можел да се врати во тимот во текот на сезоната, штом ќе се ослободи место во тимот, а за ова веќе е постигнат устен договор меѓу двете страни, а се очекува такво нешто да се случи кон средината на ноември.

Искусниот Кари ја помина минатата сезона со Шарлот Хорнетс, каде што постигнуваше просек од 6,5 поени за 16 минути по натпревар.

Новата сезона на НБА лигата започнува на 21 октомври.