[ВИДЕО] Африканка која живее во Србија пробала домашен ајвар: Нејзината реакција е хит

Точка

18/10/2025

14:30

1.911

Големина на фонт

а а а

Џулијан Абаса, Африканка која живее во Србија, стана вистинска интернет сензација откако сподели видео на својот Инстаграм профил на кое дегустира домашен ајвар.

Нејзината искрена реакција и воодушевеноста од овој специјалитетот насмеаја многумина.

Таа не можела да го скрие воодушевувањето, па во видеото детално го коментирала секој залак, откривајќи дека изела речиси половина тегла за само пет минути – и тоа без леб.

Љубов на прв залак

„Луѓе? Мојата пријателка направи ајвар и ми донесе … луѓе, половина, веќе изедов половина! Без леб, без ништо – затоа што ми се допаѓа. Изедов половина за пет минути! Ова дефинитивно е едно од најдобрите нешта што ми ги донесе Србија“, воодушевено рече Џулијан пред камерата.


Но, таа призна дека нејзината прва средба со пиперки не била ветувачка. „Првиот пат кога видов црвена пиперка, која никогаш порано ја немав видено, мислев дека е одвратна, а кога ја пробав, имаше чуден вкус, па морав да се навикнам на неа. Меѓутоа, набргу ја засакав. А потоа пробав ајвар и се заљубив“, раскажала Абаса, додавајќи дека веднаш побарала од пријателка да ѝ направи една тегла за зима. На крајот од видеото, таа симпатично заклучила дека мора да престане да јаде за да ѝ остане нешто за утре.

Срби: „Ти си наша“

Нејзината искрена и весела реакција предизвика лавина од позитивни коментари на Инстаграм.

„Хаха, реагирав исто кога пробав ајвар како дете“, „Ајварот е најсилното нешто на светот“, „Слатка сестро, додај сирење, и тогаш ќе биде вистинска магија“, „Хаха, навистина си интересна“, „Ти си наша“, се само дел од пораките што Србите ѝ ги упатија во коментарите.