Потег на колото: Атракцијата на Митревски и Манасков е број еден во ЛШ

Дерби

17/10/2025

12:55

1.655

Големина на фонт

а а а

Атракцијата во режија на членовите на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски и Дејан Манасков е прогласена за најдобра во петтото коло во Лигата на шампионите.

Цепелинот со кој беше крената на нозе публиката во Битола доби признание и од ЕХФ, па голот на Манасков против Барселона е број еден за оваа рунда. Оваа мајсторија на двајцата искусни македонски интернационалци ја засени и магијата на Матијас Гидсел од Фуксе Берлин кој остана на втората позиција.

Во топ 5 се најдоа уште Кошта од Спортинг, Кукиќ од Пик Сегед и Клар од редовите на Магдебург.