[ВИДЕО] Трамп: Го прашав Путин дали би имал нeшто против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Макфакс

17/10/2025

08:22

3.612

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.

„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.

Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.

Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.