[ФОТО] Како да ги навредите Европејците со една реченица? На интернет се шири интересна карта која предизвика бурни реакции, еве што пишува за Македонија

Точка

16/10/2025

16:00

3.266

Големина на фонт

а а а

Објавена е карта која на духовит, но исклучително провокативен начин прикажува како да ја навредите секоја европска нација со една реченица.

Популарната Инстаграм страница „Amazing Maps“ повторно ги разбранува социјалните мрежи. Објавата на која е прикажана карта која на духовит, но во истовреме и доста провокативен начин прикажува како да се навреди секоја европска нација со само една реченица, стана вистински вирален хит и предизвика лавина реакции.

На картата со наслов „Како да ги навредите Европејците со една реченица“, секоја земја добила свој „опис“ заснован на стереотипи, историски несогласувања и национални чувствителности.


За Хрватска е одбрана реченицата: „католички Срби“. За Србија стои: „Тесла е хрватски Американец“, а за Босна и Херцеговина: „турски Срби“. За Македонија пишува: „Измислена во 1991 година“. Интересно е што Црна Гора целосно недостасува на мапата, по што веднаш следеше и коментар: „Црна Гора, од некоја причина, едноставно не постои“.

Изоставена е и Холандија, а остатокот од Европа не поминал ништо подобро. За Италија е напишано: „тестенини со кечап и сепаратизам“, Французите се опишани како: „безобразни и расисти“, а на Турците им се порачува: „не, вие не сте Европејци“.

Во описот на објавата е нагласено дека картата е направена исклучиво за забава и не треба да се сфаќа премногу сериозно, но следбениците не останаа рамнодушни. Коментарите под објавата брзо се претворија во вистинско виртуелно бојно поле. Меѓу реакциите може да се прочита:

„Во Турција никому не му е гајле дали е Европеец“, „Границата на Шкотска се поместила на југ!“, „Не се навредувајте, но Финска е навистина најдепресивната држава во светот“...