Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека уставниот и институционалниот ред на Мадагаскар мора да се зачуваат.
Макрон, по самитот во Египет за примирјето во Појасот Газа, рече дека не може веднаш да ги потврди информациите од медиумите дека Франција му помогнала на претседателот на Мадагаскар, Андриј Раџоелина, да избега од земјата, објави „Ројтерс“.
Мадагаскар, земја со 30 милиони луѓе, од кои три четвртини живеат во сиромаштија, има бруто домашен производ по глава на жител кој се намалил за 45 проценти од независноста во 1960 до 2020 година, според податоците на Светската банка.
Оваа источноафриканска земја, која е најпозната по производството на најмногу ванила во светот, исто така извезува никел, кобалт, текстил и остриги, потсети „Ројтерс“.
Таканаречените протести од генерацијата „З“ почнаа минатиот месец поради недостиг на вода и електрична енергија, што доведе до судири со безбедносните сили во кои загинаа најмалку 22 лица.