[ФОТО] Во бојата на страста, моќта и Шпанија – од глава до пети: Стајлингот на кралицата Летиција спојува елеганција, романтика и сила

Точка

14/10/2025

09:14

619

Големина на фонт

а а а

Црвената боја е една од најмоќните и најефектни, а додека многумина не се осудуваат да ја облечат, Летиција од Шпанија ја носи од глава до пети и изгледа спектакуларно.

Шпанската кралица Летиција е позната како жена со исклучителен стил, која не се плаши да експериментира, но секогаш останува во рамките на врвната елеганција.

Така било и на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје којшто го организирала Шпанската конфедерација за ментално здравје во Мадрид пред неколку дена.


Летиција од Шпанија за оваа прилика избрала да носи црвена боја од глава до пети, а изгледала феноменално во фустанот од брендот „Adolfo Dominguez“ со кружен изрез и кратки, широки ракави.

Станува збор за модел којшто се шири од стомакот во ефектен А-крој, што е згодно доколку сакате да скриете евентуален вишок килограми во пределот на колковите и струкот.

Летиција овој фустан го искомбинирала со затворени сандали и плико чанта од модната куќа „Menbur“.

Покрај сето тоа носела и златен накит.


Книгите се главниот „алат“ на шпанската кралица

Кралицата во оваа прилика одржала говор во којшто истакнала што смета дека е клучно за да умееме да се изразиме како се чувствуваме во одредени моменти.

„Што се случува кога не можете да кажете со зборови како се чувствувате, што ве боли? Кој алат постои за да продолжите да зборувате, за да научите да разговарате, да продолжите понатаму? Кој алат е добар за тоа, што мислите? Оној на којшто помисливте – читањето книга“, рекла Летиција.


„Читајте книги, што вклучува научна литература која го поддржува подобрувањето на когнитивната функција. Значи, сите патишта на крајот, како што рекол Каликсто, водат кон книгите, кон читањето книги“, заклучила таа.