Рој Кин: Би сакал Симеоне да го замени Аморим

Макфакс

10/10/2025

11:36

337

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант.

Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ.

Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин.

Тој тврди дека Диего Симеоне би бил идеално решение за клупата на Јунајтед.

„Ако некогаш се отвори место за нов тренер, го кажувам ова веќе некое време – би сакал (Диего) Симеоне од Атлетико Мадрид да ја преземе таа позиција. Мислам дека би создал хаос, но добар хаос. Тој би го направил тоа. Нема гаранција, но би сакал само да го видам неговиот карактер. Начинот на кој игра неговиот тим би се вклопил совршено во клубот, иако тој не е толку дефанзивно настроен како што мислат некои луѓе“, рече Кин, додавајќи:

„Луѓето можеби размислуваат за неговиот стил на фудбал, но тие постигнаа пет гола против Реал Мадрид минатиот викенд. Не му се допаѓа што неговите тимови примаат многу голови или примаат многу шанси, но тие можат да играат и да се борат.“