Мбапе за Јамал: Оставете го на мир – има само 18 години!

Точка

10/10/2025

11:44

618

Големина на фонт

а а а

Во изборот за „Златна топка“ за сезоната 2024/25, Јамал заврши на второто место, што е подвиг без преседан за играч на негови години.

Фудбалерите на „Реал Мадрид“ секогаш зборуваат со почит за своите најголеми ривали, а така беше и овој пат. Килијан Мбапе (26) упати пофални зборови за играчката класа на Ламине Јамал (18) и испрати јасна порака до јавноста:

„Мислам дека луѓето треба да го остават на мир. На теренот е одличен играч, но во животот, тој е само 18-годишно дете“, изјави напаѓачот на „кралскиот клуб“.

🚨 Kylian Mbappé: “Lamine Yamal? I think people should leave him alone.”


“In football, he is a great player, but in life, he is an 18-year-old kid.” ✨

Posted by Fabrizio Romano on Friday 10 October 2025


Околу Јамал се крева голема прашина — и поради неговите потези на теренот, и поради вниманието што го добива надвор од него. Несомнено е дека ретко се гледа фудбалер на само 18 години со толку зрел и квалитетен настап, но останува прашањето дали неговата кариера ќе продолжи во вистинската насока.

Во изборот за „Златна топка“ за сезоната 2024/25, Јамал заврши на второто место, што е подвиг без преседан за играч на негови години.