Преседан во Хрватска: Милорад излегол на избори и победил со еден освоен глас - својот

Точка

09/10/2025

17:19

1.430

Големина на фонт

а а а

Во Мурско Средишќе се случил апсурд во демократскиот процес – кандидатот за претставник на Ромите, Милорад Михановиќ, влезе во градскиот совет благодарение на само еден глас. И тоа – сопствениот.

Демократија на хрватски начин во Мурско Средишќе. На изборите за претставник на ромската заедница, единствениот кандидат освоил еден глас со што влегол во градскиот совет. Тој глас си го обезбедил самиот.

Милорад Михановиќ самиот гласал за себе, како што тврди, во знак на протест по неуспешната уставна тужба поради неговиот пораз на изборите за заменик жупан, пишува „Dnevnik.hr“.


Од 270 избирачи, на изборите излегле само четворица, а три ливчиња биле неважечки. Државната изборна комисија исто така вели дека, според нивното знаење, ова е преседан. Сепак, појаснуваат – сè е во согласност со законот.

„Им покажав на сите политичари во Хрватска. Им реков дека не мора да гласаат, нека си останат дома бидејќи врнеше дожд – па поминав со еден златен глас“, изјави Михановиќ за „Dnevnik Nove TV“.


Останува прашањето: дали Милорад Михановиќ го докажа својот легитимитет – или пак му недостасуваат гласови за да ги претставува граѓаните?