[ВИДЕО] Макрон му се јави на Трамп: Чекам на улица, сè е блокирано поради тебе

Макфакс

23/09/2025

16:16

324

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон накратко заглави во сообраќај во Њујорк откако полицијата ги затвори улиците заради безбедносниот кордон на американскиот претседател Доналд Трамп.

Макрон, кој престојува во Њујорк за 80. заседание на Генералното собрание на ОН, бил на пат кон француската амбасада кога возилото во кое се возел било запрено. Според „La Depeche“, францускиот лидер дури пришол до полицаец за да праша за блокадите.

На видеото се гледа како Макрон во шега му се јавува на Трамп и му вели: „Како си? Погоди што? Чекам на улица бидејќи сè е затворено поради тебе.“

Потоа, Макрон продолжил пеш околу 30 минути низ улиците на Њујорк додека разговарал со Трамп. Во меѓувреме, се фотографирал со минувачи, а една личност дури го бакнала во челото.