Харгривс има предлог засилување за Челси: Може да им биде ментор на младите момци

Дерби

18/09/2025

12:45

156

Големина на фонт

а а а

Челси ја освои Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство и со тоа секако пораснаа амбициите кога е во прашање оваа сезона.

„Сините“ се состав со доста квалитет, талент и потенцијал, но допрва ќе видиме дали тие ќе можат соодветно да одговорат настапувајќи во Премиер лигата и Лигата на шампионите, натпреварување кое е на далеку повисоко ниво од Конференциската лига каде Челси на еден начин се „прошета“ до титулата.

Премиерлигашот загуби од Баерн Минхен со 3-1, пораз кој е за анализа и од кој може да се научи. Според Овен Харгривс на Челси му е потребна подобра одбрана за да може да се носи со тимови како што е Баерн.

-Ако се сетам на оние тимови на Челси кои освоија сè, тие ги имаа Петр Чех, Карваљо, Џон Тери – тоа е основата на секој тим. Мислам дека тројката од средниот ред е речиси исто толку добра како и сите други – Енцо, Каиседо и Кол Палмер – но сепак мислам дека веројатно ќе го решат тоа во наредните трансфер период. Мислам дека таму има јадро кое ќе биде навистина посебно за Челси и токму тоа го истакнав.

-Не е критика, туку само факт и мислам дека двајцата млади централни бекови се снаоѓаа добро, но зборуваме за Дијаз, Олисе и Кејн, некои од најдобрите играчи, тоа беше голема задача за нив, но грешките ги чинеа повеќе од сè. Ама мислам дека можат да ја актуелизираат таа позиција централен дефанзивец, иако ги имаат Фофана и Колвил, двајца прекрасни играчи, мислам дека им треба малку повеќе искуство како еден од тие играчи, -истакна Харгривс кој како предлог го даде Марк Геји од Кристал Палас.

-Марк Геји… Знам дека беше во академијата на Челси, но некој таков, супер сигурен, можеш едноставно да го вклучиш, да им бидеш ментор на младите момци. Мислам дека е неверојатно да се имаат овие млади момци, но да се има ментор, сите ги имавме како мали деца, мислам дека веројатно ни треба тој тип на Тиаго Силва, можеби малку помлад, само за да им помогне на овие млади момци во натпревар како овој, далеку од дома во Минхен, каде што е многу предизвикувачки, -заклучи некогашниот англиски репрезентативец.