Иџе со 200-та трка во кариерата

Точка

18/09/2025

11:55

125

Големина на фонт

а а а

Игор Стефановски – Иџе, најтрофејниот македонски автомобилист, овој викенд во Хрватска ќе одбележи голем јубилеј – 200-та трка во својата кариера.

На патеката во Бузет ќе се вози последната трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) за 2025 година, каде Иџе ќе настапи со својот Ферари 488 B8, автомобил специјално подготвен за овие патеки. На оваа трка се пријавени дури 241 возач, а Стефановски ќе настапи со бројот 32.


Годинава, во генералниот пласман од првата група на шампионатот, Иџе се наоѓа на втората позиција, а само за потсетување, тој веќе е носител на европската титула во ова натпреварување, во група 1.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори и до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Оваа трка е посебна, затоа што со неа одбележувам 200 настапи во кариерата – предизвик кој ме мотивира уште повеќе,“ изјави Стефановски.


Иџе ја започна својата кариера во 2001 година на патеките во Скопје, а повеќе од две децении подоцна зад себе има богато искуство, титули и победи што го вбројуваат меѓу најдобрите европски возачи на ридски патеки. Во изминатите 199 трки има 83 победи и 122 подиуми.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена во поддршката кон автомобислкиот шампион. Ние ќе продолжиме заедно да навиваме за Иџе и Македонија. 

Комерцијален текст