Ким Катрал не се појавува толку често со својот партнер, имајќи предвид дека се во врска веќе 10 години, но кога ќе се појават, ја воодушевуваат јавноста.
Ким Катрал (69) и нејзиното момче синоќа присуствувале на свечен настан организиран од модната куќа Џими Чу во Лондон. Познатата актерка направила вистински моден погодок во фустан со средна должина, кој ја истакнал нејзината витка линија.
Kim Cattrall pictured on rare public outing with boyfriend Russell Thomas https://t.co/vYolXCJ89T pic.twitter.com/Tx1GYUJKIf
— Page Six (@PageSix) September 17, 2025
Познатата Ким Катрал за јавни настани најчесто избира фустани кои ги откриваат нејзините витки нозе, но синоќа малку ја промени таа навика. И сепак, во оваа комбинација ја воодушеви публиката со својата исклучителна убавина. Годините ги „измами“ мајсторски.
Нејзиниот партнер, Расел Томас, е 14 години помлад од неа. Таа го запознала во 2016 година, кога работел како тонски инженер во Би-Би-Си.
„Беше актер“, се потсетила таа во интервју за „Тајмс“ објавено во април и додала: „Имаше неверојатно интересен живот и навистина живееше според своите правила. Малку е бунтовник, а тоа ми се допаѓа“.
Таа открила детали за нивната врска. „Заедно сме скоро 10 години. И одлично се забавувавме. Едноставно, толку многу ни беше забавно“.
Ким Катрал сака да зборува за својата љубов, па за „People“ изјавила: „Многу ми е пријатно во негово друштво. Тој е страствен и има остро чувство за хумор. И пријатен за очите!“.
Актерката зад себе има три брака. Нејзиниот прв сопруг бил Лари Дејвис, со кого била во брак од 1977 до 1979 година. Во 1982 година се омажила за Андреа Ј. Лајон, а разводот следел во 1989. Трет сопруг ѝ бил Марк Левинсон, а бракот траел од 1998 до 2004 година.
„Го сакам, и вредеше да го чекам“, говорела таа за сегашниот партнер.