Сакаше само еден маж, неговата смрт ја остави скршена на 29 години: Беше една од најталентираните југословенски актерки, а почина на валкан душек опкружена со шприцеви

Точка

17/09/2025

12:40

1.132

Големина на фонт

а а а

Соња Савиќ, една од најталентираните и најемотивни актерки на југословенскиот филм, зад себе остави незаборавни улоги – но и приказна за една голема љубов што го одбележа целиот нејзин живот.

Како и секоја млада девојка, сонувала за брак и деца, но сите нејзини надежи беа врзани за еден човек – познатиот џез музичар Влајко Лалиќ. Имала само 15 години кога се заљубила во него, а тој останал нејзината единствена, вистинска и најголема љубов.

За жал, нивната врска ја прекина трагедија. Во 1990 година, Лалиќ го загуби животот во несреќа при едрење, кога го изненадила бура на море. Соња тогаш имаше само 29 години, а неговото заминување го доживеа како да изгубила сопруг и семејство кое никогаш немала шанса да го создаде.


„Додека бев млада, често замислував како ќе имам брак и семејство со човекот што бескрајно го сакам и кому ќе му се посветам целосно. Имав голема љубов. Откако тој замина од мојот живот, себеси се сметам за вдовица“, изјавила таа подоцна.

„Некогаш сакав и да се омажам, да бидам конзервативна, да имам деца. Не трчав по мажи, а ме прогласија дека имам СИДА и дека се дрогирам. Можеби во втората половина од животот станав тоа што тие посакуваа“, раскажала Савиќ во една прилика.

По неговата смрт, таа никогаш повеќе не сакала да се омажи, ниту да започне нова врска. Сметала дека она што го имала со Лалиќ било единствено и неповторливо. Остана верна на споменот на него, и го сакала сè до последниот ден од својот живот.


Соња Савиќ почина на 23-ти септември 2008 година, на 47-годишна возраст, во својот стан во Белград. Беше пронајдена мртва, а како причина за смртта беше наведена комбинација од лекови и наркотици.

Официјалниот извештај од обдукцијата покажа дека Соња починала од преголема доза наркотици, а јавноста длабоко ја потресе информацијата дека била пронајдена во стан кој, освен валкан душек, немал никаков друг мебел. Спиела на душек на подот, а наоколу имало расфрлани шприцеви.

Нејзината прерана смрт ја шокираше јавноста – исто како што нејзиниот живот беше одбележан со тага и осаменост по загубата на саканиот човек.