Пари Сен Жермен е една од екипите на кои сигурно ќе треба да се внимава во оваа сезона во Лигата на шампионите, тим кој е бранител на пехарот и тим кој посакува да остане на врвот.
„Светците“ не направија премногу промени во играчкиот кадар или поточно најголемата беше заминувањето на голманот Џанлуџи Донарума. Италијанецот беше од огромно значање на ПСЖ кој по освоениот пехар одлучи многу лесно да се откаже од него и го доведе Лукас Шевалие.
Шевалие е француски репрезентативец, но допрва ќе треба да се покаже на најголемата сцена, а во тоа ќе ја има поддршката од соиграчите.
- Адаптацијата беше брза, тој веќе зборува многу добро француски. Добро е (се смее). Не е лесно да се пристигне во таков тим, по голман кој имаше многу добра сезона. Тој доаѓа со многу добра личност. Тој е голман кого веќе го познававме, игравме против него, го видовме неговиот потенцијал. Видовме дека е голман кој може да достигне највисоко ниво на голманство; тренерот, персоналот, менаџментот исто така го видоа тоа. Немаше многу време да се адаптира, имавме неколку тренинзи, а потоа и финалето каде што веднаш беше одлучувачки.
- Тој ги покажува своите квалитети на секој натпревар. Има различен профил од Џиџо и ќе ни донесе некои одлични работи. Се надевам дека ќе биде исто толку одлучувачки за нас оваа сезона бидејќи ги има сите квалитети и потенцијал да го стори тоа. Тој е подготвен, добро е, ги презеде своите одговорности, - вели капитенот Маркињос.