Митревски: ПСЖ е ПСЖ, треба да ја играме нашата игра…

Дерби

17/09/2025

13:23

133

Големина на фонт

а а а

Еурофарм Пелистер утре го игра вториот натпревар во Лигата на шампионите, прв на гостински терен против ПСЖ.

„Зелено-белите“ славеа на отварањето против Загреб и со нова енергија, самодоверба го очекуваат дуелот со „светците“, тим кој пак беше поразен во првата рунда од Магдебург со резултат 37:31.

Францускиот прволигаш е фаворит на хартија, ама битолчани нема однапред да се предадат, ветуваат борба за секоја топка и обид да ја играта својата игра.

- Било каков и да е ПСЖ се работи за гигантот во спортот и во ракометот. Можеби имаат и најголем буџет во Лигата на шампионите оваа сезона. Ние се подготвуваме гледајќи на самите себе, имаме своја тактика. Подобро е кога се победува, се зголемува самодовербата на играчите, расте психичкиот момент кај секој играч и добро е што ги победивме Вардар 1961 и Загреб и освоивме два бода во ЛШ. Одиме малку порастеретени на гостински терен во Париз.

- Било која победа или бод освоен во гости добро ќе ни дојде. Не треба уште одсега да правиме калкулации, туку да мислиме натпревар по натпревар. Треба да ја играме својата игра, па што биде – нека биде, - истакна голманот Никола Митревски.

Натпреварот е закажан за утре од 20:45 часот.