Шпанските медиуми повторно го отворија „случајот Винисиус“

Макфакс

17/09/2025

13:22

186

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид повеќе не се на иста бранова должина. Чаби Алонсо реши да го остави на клупата за резерви на премиерата во Лигата на шампионите, а по тешката победа над Марсеј (2:1), започнаа шпекулациите за незадоволство на Винисиус.

Сигурни мадридски извори пишуваат дека постојат три причини зошто Винисиус повторно стана тема во Реал.

Првата е дека минатата сезона беше многу лош и не успеваше да прави разлика на теренот, како што тоа го правеше претходната сезоната, кога беше кандидат за Златната топка.

Втората причина е уште позначајна – Чаби Алонсо едноставно понекогаш сака поинаков профил на играч, поради што синоќа Родриго играше како лево крило. Покрај тоа, Родриго по натпреварот посочи дека е среќен што се комбинира со Мбапе и дека се чувствува одлично на теренот. Медиумите пишуваат и за одличната комуникација на теренот меѓу Родриго и Мбапе, и дека и поради тоа позицијата на Винисиус е загрозена.

Самиот Чаби Алонсо посочи дека во текот на сезоната ќе има шанси за сите, дека никој не е во можност да ги игра сите натпревари.

„Само најдобрите ќе играат и оние кои го заслужуваат тоа, тоа ќе го повторувам цела сезона. Но, секој ќе добие шанса да се докаже и да игра, бидејќи е невозможно некој да ги игра сите натпревари оваа сезона“, рече Чаби Алонсо.

Конечно, третата причина е што односите меѓу Винисиус и Реал заладија, бидејќи не се ни блиску до договор за продолжување на соработката. Барањата на Винисиус не се во согласност со она што Реал верува дека го заслужува и во моментов нема никакви преговори меѓу двете страни.