Шоу на Меси и Алба, Интер Мајами го реши тимот на Мусовски

Дерби

17/09/2025

11:26

80

Големина на фонт

а а а

Составот на Интер Мајами им се врати на победите во МЛС лигата и тоа во соочувањето со Сиетл Саундерс, тим кој на почетокот на овој месеџ ги доби во финалето на Лига Купот.

Овојпат приказната беше поинаква и избраниците на Маскерано триумфираа со 3-1 во натпреварот во кој во главна улога беа Лионел Меси и Жорди Алба.

Некогашниот асови на Барселона уште еднаш покажаа дека совршено функционираат на теренот, па така во првиот дел Алба погоди на асистенција на Меси за да потоа улогите се сменат, ама со ист епилог, гол во мрежата на противникот.

Во второто полувреме двете екипи реализираа по еднаш за конечни 3-1 и 14 триумф за Интер во шампионатот.

За гостинската екипа настапи и македонскиот интернационалец Дени Мусовски, но дури од 85 минута кога се беше решено на теренот.