Пари Сен Жермен денеска ја започнува одбраната на титулата во Лигата на шампионите и тоа со мечот против калчолигашот Аталанта на „Паркот на принцовите“.
„Светците“ минатата сезона конечно го остварија сонот, го срушија ѕидот и дојдоа до значајниот пехар кога никој не очекуваше. ПСЖ почна со нов проект во кој немаше големи ѕвезди, поточно се создаде тим кој се спои и испорача резултат со стил, освоена титула во финале со триумф над Интер од 5-0.
Меѓутоа сега тоа веќе е историја, почнува нов предизвик за кој тренерот Луис Енрике смета дека ќе биде полесен, верува дека сега кога патот е пробиен може експресно да се дојде и до нова титула.
- Првата титула е секогаш тешка бидејќи играчите не мислат дека се способни да ја освојат. Но, ние го покажавме патот. Сега, целиот ПСЖ и младите играчи сакаат да победат бидејќи знаат дека се способни. За мене, потешко е да се освои првата отколку втората или третата.
- Откако ги освоивме европските титули, нашата цел, заедно со клубот, градот и нашите навивачи, е повторно да испишеме историја и да ја освоиме втора Лига на шампиони по ред. Мораме да бидеме амбициозни, - порача Лучо.