Тешко е да се поверува дека Марго Роби се породи пред само 11 месеци. За промоцијата на нејзиниот нов филм „A Big Bold Beautiful Journey“, актерката се одлучила за навистина ризични модни парчиња.
Пред неколку дена ја видовме во „гол“ фустан кој ѝ прилегаше совршено, а сега имавме прилика да уживаме во нејзината појава во црнобел фустан.
Актерката го истакна затегнатото тело во фустан со длабоко деколте и изрези до бутовите.
Нејзиниот фустан е дело на Тиери Муглер и е дел од пролетната колекција на висока мода на модната куќа од 1998 година.
Марго ризикувала фустанот да ѝ го открие секој центиметар од телото додека чекорела по црвениот тепих и ги поздравувала присутните.
Покрај Марго, во споменатиот филм игра и Колин Фарел.
Филмот ја раскажува приказната за Сара (Марго) и Дејвид (Колин), кои се запознаваат на венчавка на заеднички пријател и набргу потоа се вовлечени во вонземска авантура за заедно повторно да ги проживеат своите важни моменти од минатото.
Овој романтично-фантастичен филм треба да има премиера во САД и Велика Британија на 19 септември и веќе е опсипан со пофалби од обожавателите по објавувањето на првиот трејлер – некои дури го нарекоа и „филм на годината“.