Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Макфакс

16/09/2025

11:07

142

Големина на фонт

а а а

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„На самото место веднаш се упатија скопските пожарникари, кои почнаа со гаснење, но поради спецификата на пожарот, беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машини, кои веќе беа таму со тоа што бргу пристигнаа и нивните возачи“.

Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан, со што, како што нагласува, е спречено ширење на огнот во центарот на депонијата.