[ФОТО] Меѓу нив и неколку градови од Европа: „Time Out“ ги објави најдобрите есенски дестинации за посета

Точка

16/09/2025

09:43

422

Големина на фонт

а а а

Престижниот магазин „Time Out“ предложува интересни дестинации за октомври и почеток на есента и на овој список се наоѓаат егзотичната Шри Ланка и живописниот Мексико, но и вистинските бисери од Европа – Босна и Херцеговина и Романија.

За многумина, почетокот на есента е најдобриот период во годината за патување, дрвјата се обоени во прекрасни нијанси на портокалова боја, жолта и црвена, а и времето е пријатно – не е премногу топло, ни премногу ладно. Исто така метежот не е голем, а сместувањата, летовите и активностите се навистина попристапни.

Доколку сте во потрага по пристапен одмор на сонце или за истражување на нови градови и култура, ова е идеален момент да тргнете на пат, сметаат туристичките експерти.

Октомври е месец којшто нуди исклучителни дестинации, барем според магазинот „Time Out“ којшто препорачува далечни дестинации, но и блиски во Европа.


Неверојатни градови во Босна и Херцеговина

Значи, на листата најдобри места за патување во октомври се нашле Шри Ланка, Турција, Мексико, но и Босна и Херцеговина која плени со зеленило, култура и историја.

Во описот од магазинот навеле дека во текот на летото Босна знае да биде многу топла, но во текот на зимата многу ладна.

Кога ќе се земе предвид тоа, октомври можеби е најдоброто време за посета на оваа исклучителна земја. Бројот на туристите тогаш значително е намален, што остава повеќе простор за шетање во старите градови како Сараево, Мостар и други места.

Шармантната збирка на џамии во Травник тогаш посебно блеска, додека пак Бања Лука сѐ повеќе го зацврстува својот статус на град со најдобар ноќен живот.


Тука е и живописниот Темишвар

На списокот се нашла и Романија, а во прв план е градот Темишвар.

Со големите јавни плоштади, зелени градини и обновена архитектура во пастелни бои во стилот на „art nuovo“, градот нуди привлечен одмор, различни станбени блокови по кои се познати и другите романски градови.

Тимишвар бил првиот слободен град во Романија, местото каде започнала револуцијата во 1989 година, а неговиот независен дух и натаму живее низ музичката сцена – од интимни џез барови до величествени опери.


Во продолжение погледнете ја целосната листа:

1. Шри Ланка;
2. Турција;
3. Мексико;
4. Шпанија;
5. Њујорк;
6. Филипини;
7. Бутан;
8. Босна и Херцеговина;
9. Романија;
10. Калифорнија.