Атаман по болниот пораз во финалето на ЕП: Зборував премногу…

Дерби

15/09/2025

10:27

161

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Турција не успеа да го направи завршниот чекор и остана без титула на Европското првенство.

Турција во еден изедначен, неизесен и драматичен меч загубија од Германија со 88:83, репрезентација која на овој начи ја обедини европската и светската круна.

Предводникот на Турција, Ергин Атаман беше оптимист пред финалето и порачуваше дека ќе ја освојат титулата, поточно дека тој не губи финалиња, но таа негова прогноза не се оствари.

- Сите овие три недели во Рига, преку овој Евробаскет, секогаш зборував премногу на прес-конференциите. Сега немам зборови да кажам, бидејќи сме многу вознемирени што загубивме натпревар што го контролиравме, сè беше во наши раце.

- Можам само да кажам дека беше добар натпревар. Можеше да се одвива во двата правци. Мислам дека ја контролиравме играта, но мислам дека ја изгубивме контролата во последните неколку минути. Генерално, горд сум на тимот, тренерите и сè. Се надевам дека сите уживаа гледајќи нè. Разочарани сме, - истакна Атаман и додаде:

- Кога губам, никогаш не земам ништо позитивно. Можеби ќе погледнеме некои позитивни работи утре или следните денови“, додаде Атаман. Сега нема ништо позитивно за мене, - заклучи трофејниот стручњак.