Слот за (не)очекуваниот потег: Со него никогаш не можам да бидам…

Дерби

15/09/2025

10:25

171

Големина на фонт

а а а

Ливерпул со доста мака ја оправда улогата на фаворит против Барнли и тоа со гол во судиското продолжение кој беше дело на Салах од белата точка.

„Црвените“ одново покажаа маани во играта, но и овојпат пронајдоа начин, решение да слават и остануваат единствениот тим со четири од четири од Премиер лигата.

На „Турф Мур“ гостинските стратег Арне Слот повлече и еден необичен, нестандарден потег во првото полувреме каде во 38 минута го замени Милош Керкез. Унгарецот немаше никаков физички проблем, повреда, но заработи жолт картон поради обид за симулација на пенал, потоа имаше и еден старт, па почна да се создава притисок од домаќините по што Слот не сакаше да ризикува и го повлече од игра уште пред паузата.

- Тоа беше затоа што доби жолт картон. Мислам дека навивачите овде сметаа дека шанса за нив да го добијат мечот е ако завршиме со втор жолт картон.

- Со Милош, никогаш не можам да бидам 100% сигурен дека тој нема да го направи следниот фаул, а потоа навивачите се врз судијата. Мислев дека единствениот начин да го изгубиме е ако останеме со 10 играчи, - ја објасни Холанѓанецот својата одлука.