Во попладневните часови денеска избувна нов голем пожар во скопско Трубарево.
Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од сите делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов има пожар Трубарево
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, потврди дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112.
– „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево. БППЗ на Град Скопје е на лице место и интервенира во гаснењето на пожарот. Состојбата внимателно се следи,“ изјави Али.
Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веќе се на терен и работат на локализирање на огнените јазици. Засега не се соопштуваат дополнителни информации за евентуални повредени или причинета материјална штета.
Повеќе детали за овој пожар се очекуваат во текот на денот.