Еден европски град прогласен за најсреќно место на светот: Погледнете ја топ 10 листата

Точка

13/09/2025

19:00

1.071

Големина на фонт

а а а

Институтот за квалитет на живот ја објави листата за најсреќни градови на светот, а Копенхаген, главниот град на Данска, се најде на врвот од листата.

Годишната ранг-листа зема предвид низа различни аспекти од животот во секој град, од економија и заштита на животната средина, до транспорт и здравје на граѓаните.


Копенхаген победил поради својата способност „беспрекорно да ја спои историјата, модерното и одржливоста“, според Институтот.

Данска го зазела второто место на листата најсреќни земји во Светскиот извештај за среќа, што веројатно не е изненадување затоа што уште три градови од Данска се нашле меѓу 30-те најдобри на листата најсреќни градови на светот.


Топ 10 најсреќни градови на светот:

1. Копенхаген, Данска;
2. Цирих, Швајцарија;
3. Сингапур, Сингапур;
4. Орхус, Данска;
5. Антверпен, Белгија;
6. Сеул, Јужна Кореја;
7. Стокхолм, Шведска;
8. Тајпеј, Тајван;
9. Минхен, Германија;
10. Ротердам, Холандија.