Клои Мал, новата уредничка на списанието „Вог“, и Ана Винтур, која беше на таа позиција 37 години, завчера се појавија заедно на настан во Њујорк.
Ана Винтур, повеќе децениската уредничка на „модната библија“, ѝ ја предаде палката на Клои но и покажа дека ќе биде нејзина поддршка и ментор, како и досега.
Винтур и Мал заедно пристигнале на прославата на 17-годишнината од основањето на фондацијата на компанијата „Kering“, која поседува голем број модни брендови, но ова е трето нивно заедничко појавување за два дена.
Познати гости се собраа на четвртата годишна вечера за жени на „Kering“, која се одржа во познатиот ресторан „The Pool“, а новата и старата уредничка на списанието Вог не се одвојуваа една од друга и изгледаа одлично расположени.
Винтур беше облечена во нејзиниот препознатлив стил, што значи дека избрала фустан со цветен дезен, заедно со класичен боб, фризура што стана нејзин заштитен знак во последните децении.
Што се однесува до Клои, која претходно призна дека модата не е еден од нејзините главни интереси во животот, сепак покажа дека знае што прави кога станува збор за стил. Но, и дека не се држи до строго проверени формули.
Таа избра стајлинг кој комбинира функционалност и одмерена елеганција, розов фустан со деколте, кој паѓа покрај телото, ширејќи се во А-крој, и беше покриен со светкави кристали. Со минимална шминка и коса собрана во пунџа, нема сомнение дека ова е најава за нова ера во Вог.
Меѓутоа, Винтур и Мал веќе се појавиле заедно пред медиумите порано во текот на истиот денот, кога седеле во првиот ред на модната ревија на Мајкл Корс.
Но и два дена претходно, тие биле заедно во музејот „Метрополитен“, на приемот поп повод отворањето на изложбата „Man Ray: When Objects Dream“.