[ФОТО] Познатиот убавец за прв пат со ќерка му на црвениот килим: Таа е негова копија

Точка

13/09/2025

10:53

870

Големина на фонт

а а а

Славниот Ченинг Тејтум блесна на премиерата на филмот „Demon Slayer: Infinity Castle“, што се одржа во Лос Анџелес.

Веќе сме навикнати еден од најзгодните мажи во Холивуд секогаш да привлекува внимание со својот изглед, но овој пат остана во сенка и тоа поради ќерка му.


Имено Тејтум за прв пат се појави на црвениот килим со 12-годишната ќерка Еверли, а гореспоменатиот филм му донесе „поени за кул татко“, како што рече самиот.



Еверли дури го даде и своето прво интервју за „Ентертејнмент тунајт“.

„Филмот е совршен и има неверојатна приказна. Инаку, сакам аниме“, рече таа.


За таа пригода, Еверли избра елегантен син фустан и минимална шминка, меѓутоа, сите многу повеќе ја коментираа нејзината сличност со славниот татко.


Ченинг ја доби Еверли во бракот со Џена Деван, со која беше од 2009 до 2018 година. Иако се обидуваат да ја скријат приватноста на својата ќерка, понекогаш споделуваат фотографии на социјалните мрежи, но ова појавување е вистински исклучок.