Жалфијата е растение чие име значи „да се спаси“. Кога луѓето денес би знаеле колку е лековита, би пиеле чај од жалфија секое утро наместо кафе.
Со тоа се согласил и Рудолф Бојс. Тој ја препорачувал на пациентите при „тотална терапија“.
Зошто е поволен чајот од жалфија?
Го јакне имунитетот – богат е со антиоксиданти, флавоноиди и етерични масла.
Против воспаленија на грлото – често се користи при настинки, ангина или воспаление на устата.
Го подобрува варењето – го смирува желудникот, ја намалува надуеноста и грчевите.
Го регулира потењето – таа е природен антиперспирант, па помага при прекумерно потење.
Поддршка на женското здравје – ги олеснува симптомите на ПМС и менопауза.
Помага при концентрација и помнење – традиционално се користи за јакнење на мозокот и нервите.
Сепак, овој чај не се препорачува да се консумира во поголеми количини (повеќе од 2-3 шолји дневно) и подолго време затоа што жалфијата содржи тујон, супстанција која во поголеми дози може да биде штетна. Трудниците и доилките треба да избегнуваат жалфија.
Како правилно се подготвува чај од жалфија?
Рудолф Бројс познат по својата метода „тотална терапија“ (пост и растителни чаеви како начин на лекување канцер и тешки болести), сметал дека жалфијата е најважниот чај.
Препорачливо е жалфијата да се пие секојдневно, но не подолго од три седмици во континуитет затоа што во поголеми дози може да му наштети на црниот дроб поради тујонот.
Тој сметал дека чајот од жалфија помага кај речиси сите заболувања, особено при болести на грлото, желудникот, цревата, бубрезите и крвотокот.
Во неговата терапија жалфијата била база, а се додавале и други чаеви како на пример од коприва, невен, кантарион во зависност од тегобите.
Начин на подготовка:
1 лажичка жалфија се прелива со врела вода, се вари кратко (не подолго од три минути), а потоа се остава да отстои 10 минути и се процедува.