[ФОТО] 13 години подоцна – Анџелина со ист детаљ ги остави сите без здив: Модно издание на актерката кое нема да го заборавиме

Точка

09/09/2025

09:09

1.253

Големина на фонт

а а а

Актерката Анџелина Џоли се појавила на премиерата на филмот „Couture“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и ги засенила сите со својата појава.

Таа се појавила во долг, волнен капут од брендот „Gabriele Hearst“ со дворедни копчиња којшто го облекла како фустан.


Овој капут бил во посветла кафеава нијанса на боја која ќе биде хит сезонава, а на актерката одлично ѝ стоел.

Под капутот Анџелина носела само хулахопки.

Неколку копчиња од капутот биле откопчани и така создале импровизиран шлиц до колковите.


Оваа визуелност дала увид во рекреирање на позата на Анџелина од 2012 година.


Пред 13 години на доделувањето на Оскарите сите зборувале за познатата поза на Анџелина кога се појавила во гламурозниот црн фустан од брендот „Versace“.


Инаку, Анџелина капутот го искомбинирала со пар црни лакирани салонки на висока потпетица, па целокупниот изглед бил навистина за почит.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Анџелина Џоли?