Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз.
Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.
🚨BREAKING🚨:LISBON FUNICULAR DERAILS 🚋
— The_Independent (@TheIndeWire) September 3, 2025
Close-up footage shows the Elevador da Glória, one of the city’s most iconic trams, after it jumped the tracks in central Lisbon. Emergency services rushed to the scene, with at least 3 fatalities confirmed. pic.twitter.com/zZ3D03PAXi
Полицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со жичницата, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалистичката полиција.
Компанијата за јавен превоз во Лисабон, „Карис“, објави дека се извршени сите редовни инспекции на жичницата – големи четиригодишни, привремени двегодишни, како и дневни, неделни и месечни проверки.
И покрај редовните проверки, изјавите на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, поради што жичницата се превртела по стрмна улица и се урнала во зграда.
#ÚLTIMAHORA ⚠️ Varios heridos en #Lisboa al descarrilar el Ascensor de la Gloria, uno de los funiculares más populares de la capital portuguesa.#Portugal #Lisbon pic.twitter.com/OtM2dOhTDe
— eSPAINews (@eSPAINews_) September 3, 2025
Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружеле на социјалните мрежи покажале дека светло жолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.
„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза д’Аво. „Но, излета од кривината и се урна во зграда.“ Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“. „Ја удрила зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки“, рече таа.
Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.