[ФОТО] Венеција го доби она што го заслужува – кога таа се појавила во најелегантниот фустан и ги засенила сите

Кармин

02/09/2025

11:03

842

Големина на фонт

а а а

Емили Блант се потрудила како никогаш во животот и сите ги маѓепсала со својата појава на Филмскиот фестивал во Венеција.

Актерката Емили Блант конечно прошетала на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и на сите им приредила момент за паметење.

Иако сите ја коментирале нејзината нова боја на коса, Емили со фустанот успеала да ги засени сите присутни штом ја виделе.


Го покажала сиот гламур којшто го поседува во фустанот на Тамара Ралф кој имал кристални детали и нагласен струк и колкови.

Иако фустанот е едноставен на прв поглед, благодарение на сјајот и скулптуралниот акцент многу лесно може да се претера со деталите, па сѐ да стане невкусно. Сепак, Емили е мајстор во тие ситуации.


Во својот бајковит стајлинг таа додала ефектни висечки обетки и дополнително со шминката ја нагласила својата убавина. Овојпат се определила за црвен кармин и стајлингот го заокружила во стилот на стариот Холивуд којшто го пренела во Венеција.

Во еден момент на Емили на црвениот тепих ѝ се придружил и Двејн Џонсон којшто блескал во сиво одело, а двајцата заедно добиле само позитивни реакции од публиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk