Неверојатно: Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Макфакс

01/09/2025

21:02

880

Големина на фонт

а а а

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.

Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.

После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.

„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.

‼️НЕВЕРОЈАТНО :

♥️Мобилен телефон HUAWEI изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава е најден...

Posted by Igor Smilev on Monday 1 September 2025