Новиот „Audi Q3“ пристигнува во две верзии – "SUV" и "Sportback". Динамичните пропорции, широката маска на ладилникот и острите линии го нагласуваат силниот карактер на возилото.
Оваа недела „Audi“ ја претстави третата генерација на својот најпродаван компактен "SUV" – новиот „Audi Q3“. Со повеќе од два милиони продадени возила ширум светот од првата генерација, „Q3“ се позиционира како клучен модел во портфолиото на брендот. Новата генерација носи поенергичен дизајн, најнова технологија, подобрена ефикасност и поголема дигитална поврзаност.
Дизајн и надворешен изглед
Новиот „Audi Q3“ доаѓа во две верзии – 'SUV" и "Sportback". Динамичните пропорции, широката предна маска и остро исцртаните линии го истакнуваат спортскиот карактер. Верзијата "Sportback" има пониска линија на кровот, што му дава купе изглед и дополнителна доза динамика.
Осветлување и иновации
За првпат во компактниот сегмент, „Audi“ воведува дигитални "Matrix LED" светла со "микро-LED" технологија. Оваа иновација обезбедува значително подобро осветлување на патот, посилен контраст и зголемена безбедност при возење. Дневните 'LED" светла со 23 сегменти од секоја страна овозможуваат препознатливи светлосни потписи, додека позади се достапни "OLED" светла со уникатен прстенест потпис.
Внатрешност и дигитално искуство
Кабината е целосно редизајнирана и сега нуди панорамски дигитален интерфејс кој вклучува 12,8-инчен "MMI" екран на допир и 11,9-инчен дигитален кокпит. „Audi“ го пренесува дигиталното искуство од своите поголеми модели во компактниот сегмент. Дополнително, „Audi Assistant“ со вештачка интелигенција овозможува природно гласовно управување со бројни функции.
Погон и перформанси
Понудата на мотори вклучува ефикасни бензински и дизел агрегати, „mild hybrid“ решенија, како и нов plug-in хибрид со вкупна моќност од 200 kW (272 КС), кој овозможува целосно електрична автономија до 119 километри. Новиот адаптивен систем на потпирање со двовентилски амортизери обезбедува оптимален баланс помеѓу удобност и спортски карактер.
Цена и достапност
Продажбата на третата генерација на „Audi Q3“ започнува во октомври 2025 година во Германија и остатокот од Европа. Основниот модел „Audi Q3 SUV TFSI 110 kW“ ќе стартува со цена од 44.600 евра, додека Sportback верзијата ќе чини од 46.450 евра. Plug-in хибридната верзија SUV e-hybrid ќе биде достапна од 49.300 евра, а Sportback e-hybrid од 51.150 евра.
Со комбинацијата од модерен дизајн, дигитални иновации и ефикасни погонски системи, новиот „Audi Q3“ ја зацврстува својата позиција како еден од најважните модели во премиум компактниот сегмент.