На социјалните мрежи се шири видео од романтичен момент на еден распеан пар во Сараево

Точка

23/08/2025

15:22

836

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири видео од романтичен момент на еден распеан пар во Сараево. Момче и девојка заиграле на улица додека врнело дожд, а снимката објавена на профилот @sjena60 стана вирална.

На почетокот од снимката се гледа како едно момче трчајќи бега од поројот и поминува покрај парот кој ужива во моментот, а видеото за кратко време собрало повеќе од 120 илјади прегледи и бројни коментари.

Снимката разнежни многумина


„Прекрасно“, „Тоа е Сараево“ и „Секоја им чест, само треба во животот да се ужива, секогаш да бидат толку среќни“, се некои од коментарите под видеото.

Инаку, силниот дожд вчера накратко ја прекина синоќешната церемонија на 31. Сараево Филм Фестивал, кој завршува вечерва. Публиката накратко се премести во едно кафуле на Фестивалскиот плоштад за да се засолни од поројот, а токму тогаш настанал и виралниот момент.