Оглас од Дубровник стана хит на Фејсбук: „Можеби ќе ги продадеме бубрезите за да платиме стан“

Точка

22/08/2025

12:00

1.875

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук страницата за изнајмување станови во Дубровник деновиве се појавила објава која ги насмеала, а воедно и воодушевила Хрватите.

Имено, Андреа Оберан со своето момче објавила несекојдневен оглас во потрага по стан за долгорочен наем и тоа во стил којшто ретко се гледа во морето објави.

Огласот го започнала со духовит вовед: „Се бара стан затоа што ние двајца го сакаме Дубровник повеќе од своите бубрези (а, можеби ќе мора да ги продадеме за да го платиме).


Јасно навеле што бараат

Младиот пар јасно навел што бара: стан со најмалку 35 метри квадратни, една спална соба. Посебен бонус би било да има паркинг, како што наведуваат заради лутањето по квартовите и плаќање картички за паркинг.

Во огласот навеле и дека не пушат, дека немаат домашни миленици и дека чистотата не им е проблем затоа што Андреа работи од дома и постојано чисти.

Ветиле вечера доколку најдат стан

Најголемиот адут се крие во ветувањето за идниот изнајмувач или оној којшто ќе им покаже идеален стан: домашна вечера со мезе, десерт и вино.

„Оној којшто ќе нѐ спои со идниот стан ќе добие вечера. Не зборувам за тост сендвич, туку за домашно мезе, десерт и вино затоа што хедонистот во мене секогаш бара пригода за добар оброк и уште подобар разговор на масата“, напишала девојката.

„Доколку имате стан којшто двајцата ќе нѐ заведе на прв поглед, а не да не скрши кога ќе ја видиме цената – јавете се“, додала таа.


Освен што огласот се споделува на социјалните мрежи поради искреноста и хуморот, многумина ги привлекла и приложената фотографија со натпис: „Бубрези на продажба за наем во Дубровник“.

Андреа на крајот на огласот им се обратила на изнајмувачите и ги замолила да не нудат станови во кои ни тие самите не би престојувале, порачувајќи: „Времето е пари – немојте да го трошите попусто“.

Реакции од Хрватите

„Доколку имав стан дефинитивно би ви го изнајмила, објавата е за 10-ка“, „Доколку имам стан, по ваков оглас би ви го дал барем шест месеци гратис“, „Среќно во потрагата“, биле само дел од коментарите.