Убиство во Штип: Пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Макфакс

08/08/2025

16:10

278

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово.

Од таму велат дека против С.З. (54) е отворена истрага за убиство.

Рано утрово, во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип, осомничениот 54-годишник, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка, родена во 1941 година.

Делото го извршил по претходна вербална расправија, под дејство на алкохол од 2.43 грам промили во крвта, но бил свесен за стореното. Откако со ловечки нож и нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.