Британските власти сè повеќе ги отфрлаат барањата на украинските мигранти за продолжување на нивниот престој, објави Би-Би-Си на руски јазик. Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, повеќе од 250.000 Украинци добија визи преку програмата „Домови за Украина“, која неодамна беше затворена, пренесуваат медиумите во регионот.
Властите сега масовно ги отфрлаат барањата за трајна заштита, тврдејќи дека западните делови на Украина се безбедни. Би-Би-Си објавува дека позитивните одлуки станаа исклучок, дури и во случаи на тешко болни луѓе.
Слични извештаи за построгите критериуми беа објавени и во други британски медиуми, како што се Гардијан и Телеграф.
Во други делови од Европа, се преиспитува и ставот кон украинските бегалци. Во Германија е предложено намалување на бенефициите, а во Полска расте незадоволството поради начинот на живот на одредени бегалци.