Летен одмор без грижи: Како до здрава кожа, убав тен и сјаjно лице!

Точка

06/08/2025

12:29

135

Големина на фонт

а а а

За време на летниот период сонцето ни е најдобар пријател, ни подарува топли, сончеви и опуштени денови исполнети со безгрижни прошетки и уживање под отворено небо. Иако сончевата светлина има своја убавина, таа истовремено носи и своја невидлива сила, и затоа заштитата од УВ зраци не е луксуз, туку неопходност. Духот на летниот ентузијазам веќе се чувствува насекаде и енергијата движи но запрашајте се дали вашата кожа е соодветно заштитена од жешките зраци?

Во август, со интензивните зраци на сонцето, задолжително треба да ѝ посветите посебно внимание на вашата кожа без разлика на вашиот тен. Особено чувствителната и сува кожа лесно може да се иритира, па затоа бара дополнителна нега, хидратација и сигурна заштита. A, Еucerin Sun Oil Control Dry Touch кремата е дерматолошки докажан избор за сите оние со чувствителна кожа и склона кон акни. Без мирис и со лесна текстура која брзо се апсорбира, кремот е совршен за секојдневна употреба каде и да сте. Придобивките се јасни – 98% од корисниците потврдуваат дека кремата веднаш се впива, а 90% пак дека нивната кожа станала помалку мрсна со редовна употреба.


Кремот е водоотпорен, па безгрижно нанесете пред да нурнете и да испливате во морето или во најблискиот базен. Формулата е исто така направена „против песок“- што значи дека песокот помалку ќе се залепи за вашата кожа додека уживате на плажа или додека градите песочни замоци со најблиските. Како и сите производи за заштита од сонце во асортиманот на Eucerin, не содржи октиноксат и оксибензон – УВ филтри за кои се знае дека се штетни за коралните гребени – што ја прави оваа формула одговорен избор и за вас и за природата. Благодарение на Advanced Spectral Technology со УВА/УВБ филтри и Ликохалкон А, кремот обезбедува многу висока заштита која делува и на HEVIS светлината што ја оштетува кожата. Глициретинската киселина пак, го поддржува природниот процес на обновување на кожната ДНК.


Сите клучни дерматолошки елементи за здрава и заштитена кожа под сонцето – собрани во едно практично пакување. А, сега останува на вас да ја заштитите и негувате вашата кожа, за безгрижни, безбедни и насмеани летни денови!


Комерцијален текст