Родри ја надмина тешката повреда на коленото и се врати во натпреварувачки ритам на Светското клупско првенство, но уште поголеми очекувања ќе им на стартот на сезоната, период кој треба да покаже во каква физичка состојба се наоѓа Шпанецот.
Играчот за врска ја доби „Златната топка“ и брзо стана јасно какво огромно значење имал врз играта на Манчестер Сити, па во период во кој повторно почна да се зборува за негова преселба во Реал Мадрид, англискиот клуб планира да го стопира таквиот налет со одбрабен штит.
Како што јавуваат познатите медиуми од Англија, Манчестер Сити има подготвено нов договор за клучниот играч во системот на Пеп Гвардиола, со што би му се укажало голема чест после сезоната која ја мина низ тешка рехабилитација, но од друга страна, „граѓаните“ би се заштитиле од потенцијална загуба во блиска иднина.
29-годишниот Шпанец има важечки договор со Сити до 2027-ма година, но планот е според новиот договор да биде обврзан со Сити до 2029-та, а воедно би станал и втор најплатен играч во тимот.
Англиските медиуми засега не добиле детали од договорот кој го подготвил Сити, но сигурно е дека Родри со истиот би станал втор најплатен играч во тимот после Ерлинг Халанд.