Легендарниот голман и европски шампион со Вардар преживеа срцев удар, па доби отказ: За него нема место во најскапиот тим во Европа

Точка

04/08/2025

20:21

3.017

Големина на фонт

а а а

Арпад Штербик по седум години го напушта „Веспрем“. По срцевиот удар што го преживеа минатата сезона, сега остана без работа.

Арпад Штербик е без ангажман. Некогашниот најдобар голман во светот ќе го напушти „Веспрем“ по седум години. Од нив, две години ги помина меѓу стативите на овој тим, а пет како тренер. Клубот официјално се огласи по повод неговото заминување.


Минатата година Штербик доживеа срцев удар, но закрепна и се врати на работата. Сепак, сега остана без ангажман, па останува да видиме дали го очекува пауза или трансфер во нов клуб.


„Менаџментот на клубот реши да го раскине договорот со нашиот тренер на голмани Арпад Штербик на почетокот на сезоната 2025/26. Сакаме да продолжиме со развојот на овој дел од тимот со поинаков пристап и различна насока во иднина. Засега, нашите тренери на голмани ќе ги бараме во сопствените редови. Арпад Штербик работеше како наш тренер на голмани пет години, а во тој период освоивме три унгарски првенства, четири купа на Унгарија и еден трофеј светски шампион. Би сакале да му се заблагодариме на Арпад за сè што направи за нас како играч и како тренер. Му посакуваме успех во иднина“, се наведува во соопштението на „Веспрем“.


Чуварот на мрежата, роден во Сента пред 45 години, поникна во „Југовиќ“, со кој го освои „EHF“ купот. Потоа премина во „Веспрем“, а бранеше и за „Сиудад Реал“, „Атлетико Мадрид“, „Барселона“ и „Вардар“. За селекцијата на СР Југославија освои две бронзи на светските првенства, а потоа, поради конфликт со селекторот Веселин Вујовиќ, од 2008 до 2020 година бранеше за Шпанија.