Гаспарт: Рашфорд е подобар играч од Вилијамс, Нико не искористи!

Дерби

04/08/2025

12:02

622

Големина на фонт

а а а

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт даде свој коментар за последниот потег на клубот во овој преоден рок, ангажманот на Маркус Рашфорд.

Каталонците имаа други цели на таа лева крилна позиција, прво го посакуваа Луис Диаз, па ситуацијата се промени откако Нико Вилијамс одново се понуди и фокусот се стави на него, меѓутоа откако шпанскиот репрезентативец направи неочекуван потег, комплетно ја промени „плочата“ и потпиша нов договор со Атлетик Билбао, Барселона го доведе Рашфорд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед.

- За мене, Маркус Рашфорд е подобар играч од Нико Вилијамс и не ме интересира што вели неговиот брат [Ињаки]. Тој нè искористи, но на „добар начин“. И доби добар договор во Билбао. Среќен сум за него.

- Сепак, не го разбирам незадоволството и гневот од Атлетик Билбао, потпишав со многу играчи од нив во минатото како на пример Андони Зубизарета и секогаш добро се сложував со претседателот, - истакна Гаспарт.