[ВИДЕО] Повредата на важен играч го засени збогувањето на Сон со Тотенхем

Дерби

03/08/2025

17:11

1.144

Големина на фонт

а а а

Тотенхем и Њукасл ремизираа со резултат 1:1 на денешниот контролен натпревар во Сеул, а натпреварот кој требаше да биде одбележан со збогувањето на досегашниот капитен Сон, заврши со поинаков шок за Тотенхем.

Џејмс Медисон влезе во игра во 75. минута и не успеа да го доврши дуелот, откако во завршницата заработи сериозна повреда, поради која беше изнесен на носилка и префрлен директно во соблекувалната.

Еден од најважните играчи на лондонскиот клуб со солзи во очите ги дочека клупските лекари кои реагираа експресно и се чини дека има сериозен проблем, што ќе биде голем удар за екипата која сезонава ќе учествува и во Лигата на шампионите.

Денешниот натпревар беше последен за Хеунг-мин Сон, кој по десет години заминува од Тотенхем и Кореецот имаше емотивно збогување со соиграчите и фановите во Сеул.

Головите на средбата беа постигнати во првиот дел, Тотенхем поведе преку Џонсон, а израмни Барнс во финишот на полувремето.