Досегашен фудбалер на Арсенал се враќа во Шпанија и потпишува за Вилјареал

Дерби

03/08/2025

16:46

716

Големина на фонт

а а а

Арсенал летово доведе неколку нови имиња, а во меѓувреме не успеа да се договори со Томас Парти околу неговиот нов договор.

Интернационалецот од Гана долго преговараше за продолжување на соработката со „топчиите“, но откако двете страни не најдоа компромис, Парти заминува како слободен агент.

Шансата да го добие без отштета најдобро ја искористи Вилјареал, клубот кој успеал да постигне договор со играчот за врска и ќе го очекува на промоција во жолтиот дрес.


Парти веќе ги комплетирал медицинските прегледи и не постои пречка да стави потпис на договорот, а клучен фактор да ја прифати понудата е фактот што Вилјареал ќе игра во Лигата на шампионите.

За 32-годишниот фудбалер ова значи и враќање во Ла Лига, каде седум години беше член на Атлетико Мадрид, а настапуваше за заем и во редовите на Мајорка и Алмерија.