Лукман се отвори и ја нападна Аталанта: Време е да кажам „доста“!

Дерби

03/08/2025

15:32

734

Големина на фонт

а а а

Адемола Лукман го загуби трпението поради одбивањето на Аталанта да ја прифати понудата на Интер за негов трансфер, па реши преку социјалните мрежи да го сподели својот став за однесувањето на клубот и неисполнетото ветување кон него.

Второ лето по ред, Аталанта има трансфер драма со голема ѕвезда, минатото на крајот го испрати Теун Копмајнерс во Јувентус, а сега Лукман очајно посакува да се пресели во редовите на италијанскиот и европскиот вицешампион.

– Аталанта, а особено нејзините навивачи, станаа дел од мене. Ова место го чувствувам како дом откако пристигнав и секогаш се обидував да возвратам на таа наклонетост, дури и кога работите не беа едноствни. Затоа е толку тешко да ги напишам овие зборови.

– Чувствувам дека сега, по три прекрасни години во Бергамо, е вистинското време да продолжам понатаму и да започнам нова авантура. Бројни клубови ѝ се обратија на Аталанта во минатото, а јас секогаш останав лојален. Сепак, сопствениците на клубот и јас се согласивме дека ова е вистинското време, а клубот беше јасен со мене: ако пристигне фер понуда, ќе ми дозволат да заминам.

– Иако добив понуда што беше во согласност со она што верувам дека беше дискутирано, за жал, клубот ја блокира опцијата од причини што не ги разбирам. Како резултат на тоа, по многу месеци неисполнети ветувања и она што го сметам за несоодветен третман кон мене, и како човечко суштество и како професионален фудбалер, за жал немам друг избор освен отворено да зборувам за тоа. Она што мислам дека е правилно е да кажам дека е доста. Можам да потврдам дека поднесов формално барање за трансфер, – напишал емотивниот Лукман.